Достапни линкови

Почина грузискиот премиер Зураб Жванија


Грузискиот премиер Зураб Жванија изутрината почина од труење со гас во Тбилиси во станот на заменик гувернерот на Квемо Картли регионот Раул Јусупов кој исто така почина од истекнување на гас., изјави министерот за внатрешни работи Вано Мерабишвили, според кој не станува збор за злосторнички чин.

„Според нашите информации Жванија дојде во станот на пријателот околу полноќ. Телохранителите чекале надвор и откако не се јавувал на телефон тие влегле во станот околу 4 или 4,30 часот и ги откриле телата на Жванија и неговиот пријател“

Гасното греење во станот било инсталирано пред два дена, а како што изјави преставник на компанијата, првичната истрага на нивните експерт покажала дека во станот немало истекување на гас. Жванија имаше 41 година и беше дел од опозицијата на претседателот Михаил Шаликашвили која во револуцијата на розите го симна од власт Едуард Шеврнадзе.

„Грузија загуби голем патриот. Тој беше мој близок пријател, советник и сојузник.“

изјави претседателот Шаликашвили.
XS
SM
MD
LG