Достапни линкови

Вашингтон: Годишно обраќање на Џорџ Буш


Американскиот претседател Џорџ Буш ги објави плановите за неговиот втор мандат во Белата куќа во годишното обраЌање до нацијата, одржано рано изутринава во Конгресот. Тој истакна дека одржаните избори во Ирак, на палестинските територии, во Авганистан и во Украина се јасен знак дека демократијата силно напредува во светот. Буш нагласи дека изборите во Ирак отвориле нова фаза во таа земја, додавајќи оти мирот на Блискиот исток е се поблиску. Целта на Израелците и Палестинците да живеат во мир едни покрај други е на дофат на раката, изјави Буш пред конгресот, подвлекувајќи дека Америка ќе им помогне да ја остварат таа цел.
XS
SM
MD
LG