Достапни линкови

Партиите велат, го почитуваме законот, невладините организации со спротивен став


Партиските членарини и донациите ќе бидат главниот извор на партиите од каде ќе ги добиваат средствата за финансирање на кампањата за претстојните локални избори. ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициски парнери се подгорвуваат за обемна кампања за која како што велат потребни се многу средства:

,,Од партиски членарини, од донации, на тој начин ќе биде финансирана целата кампања. Инаку, мора да потенцираме дека се работи за голема и обемна кампања, што сама по себе повлекува многу средства."

вели портпаролот Александар Бичиклиски.

И во ПДП која на овие избори настапува заедно со ДПА велат дека ќе се придржуваат до законските прописи во однос на финансирањето на кампањата:

,,Сметаме дека оваа кампања за локалните избори е во рамките на нормалата и сметаме дека се ќе биде во рамките на законот и прописите."

изјави портпаролот на оваа партија Кенан Алиу.

Во Владеачката СДСМ велата дека ќе се придржуваат кон законските прописи во однос на финансирањето на кампањата:

,,Финансирањето на политичките партии согласно новиот закон е од јавните извори на приходи, како што е буџетот на државата и општините, и од приватните извори, членарина, донации, спонзорства, дотации итн,"

изјави генералниот секретар на СДСМ Никола Ќурчиев

Во ДУИ пак се согласуваат со впечатокот дека партите за време на предизборните кампањи трошат повеќе пари од дозволеното. Потпретседателот на оваа партија Рафиз Алити вели:

,,Луѓето сакаат да имаме добри кампањи и донираан, па затоа се добива и таков впечаток."

Согласно законските прописи партите дозволенмо е да подрошат најмногу по 15 денари за гласач , односно вкупните трошоци на сите партите за престојната кампања сопгласно бројот на избирачите би требало да изнесува околу 450 илјади евра. Но податоците од предхоните изборни циклуси и кампањи го покажуваат спротивното. Според истражувањето на невладината Транспарентност Македонија само поголемите партии во земјава за време на изборната кампања трошат дури по 1,5 милиони евра.
XS
SM
MD
LG