Достапни линкови

Постои простор за продлабочување на економските релации


Отворените прашања и продлабочувањето на соработката меѓу Македонија и Србија и Црна Гора се разгледуваат низ отворен дијалог, оценуваат од македонското министерство за надворешни работи:

,,Постои простор, посебно на економски план, за продлабочување на соработката, иако меѓусебната трговска размена достигнува високи износи и она што е карактеристично е дека Србија и Црна Гора е наш најголем трговски партнер каде што остваруваме суфицит во соработката. Треба да се каже дека заеднички интерес е и зголемувањето на заедничката соработка, посебно коридорот 10, даночната политика, енергетската соработка.. итн.“

изјави Душко Узуновски од МНР. Од српската заедница во земјава пак, сметаат дека определен период соработката меѓу двете земји била запоставена:

„Односите меѓу двете земји беа долго време запоставени, на сметка на односите на Македонија со некои други земји. Меѓутоа во последно време, изминатата година, беше интересна на тој план.“

изјави претседателот на Демократската партија на Србите, Иван Стоиљкович.
Во врска со отворените прашања од кои што нај актуелно е демаркација на границата во делот со Косово, Узуновски вели дека тоа е речиси целосно завршено во делот од тромеѓето мегу Србија и Црна Гора, Македонија и Бугарија до Лојане, и оти постои воља и демаркацијата да заврши и во делот со Покраината пред да се реши нејзиниот конечен статус. Во контекст на најавата на премиерот Владо Бучковски дека во Приштина ќе се отври трговско претставништо во МНР велат дека е постапувано согласно резолуцијата 1244 на Обединетите нации, што значи дека Белград бил извествен. Притоа велат оттаму од официјалните претставници во Србија немаше раекции бидејки во Приштина има речиси 30 трговски претставништва. Стоиљкович пак со свој коментар:

,,Кога станува збор за економски или трговски преставништва, на прв поглед нема ништо проблематично. Но доколку се погледне подлабоко, би се запрашеле која е всушност целта за отварање на овие претставништва, особено што ние од Покраината што е под протекторат на Обединетите Нации, во последно време добиваме само негативни работи, како трговија на оружје, перење пари, па дури и увоз на вооружени лица,,.
XS
SM
MD
LG