Достапни линкови

Во Македонија нема систем за мерливост на постигнатите резултати, велат аналитичарите


Јавниот Обвинител Александар Прчевски иако вети не излезе со конкретни податоци за постапката за трите случаи за корупција во редовите на Владата на екс премиерот Хари Костов. Тоа беше главната причина поради која Костов ја напушти оваа функција пред реиси три месеци. Јавниот Обвинител Александар Прчевски за Радио Слободна Европа пред десетина дена најави дека до крајот на месецов јавноста ќе биде информирана за постапката:

„Работиме на сите тие случаи и до крајот на месецот ќе има информација за новинарите и јавноста.“

Вака гласаше неговата изјава, но денеска тој е недостапен за да одговори на прашањето која е причината зошто јавноста сеуште не е информирана за постапката.
Обвинителството и судството мораат да разберат дека по автоматизам треба да ја извршуваат својата работа, а не некој да ги потсетува за да извлече одговор од нив, вели Зоран Јачев од невладината Транспарентност Македонија:

„Зошто мора некој да го прашува обвинителот зошто тие случаи не се завршени, па дури потоа да одговора. Органите треба да функционираат сами по себе, без потреба некој да ги притиска или потсетува на нивните обврски. Причината за тоа е што сеуште во Македонија не се воспостави систем, во кој ќе постои и мерливост за постигнатите резултати и јасна одговорност за таквите резултати. Она што е исто така многу важно е тоа што сеуште не видовме доволно самостојност во одлучувањето на овој вид органи,,.

Иако реформите во судството се неопходни, ако се има волја и со постоечкиот капацитет системот може да расчисти со корупцијата, е ставот на Јачев:

,,Кога се има воља да се рачистува со корупцијата, тогаш и овој систем кој постои во Македонија, значи и законите и судството и обвинителството имаат доволно капацитет за тоа да го решат. Она што е важно е дека и внатрешните, а кога зборам за нив, мислам на недостатоците на овие институции, и надворешните фактори, како влијанието на политиката, се причини поради што се доцни со разрешување на овие случаи. Мислам дека меѓу другото, недостасува и внатрешна воља за реформа во судството.“

Јавноста сеуште очекува информација за три случаи за корупција за кои се осомничени тогашните министри за транспорт и врски Агрон Буџаку, за продажба на земјиште во строгиот центар на Скопје, министерот за економија Стевче Јакимовски за незаконското отворање на угостителските објекти два дена пред референдумот и министерот за култура Благоја Стефановски за Пелинце.
XS
SM
MD
LG