Достапни линкови

Багдад: Повлекувањето на странските трупи нема смисол додека влдее хаос


Ирачкиот претседател Гази ал Јавар изјави дека нема смисла да побара од странските сили да заминат од земјата додека во неа, како што рече, постои хаос и вакум на власта. На денешната прес конференција во Багдад Ал Јавар ги повика сите партии, вклучувајќи ја и Исламистичката партија на сунитите која ги бојкотираше неделни избори да земат учество во разговорите за новата влада и за новиот устав. Претходно политичарите на шиитските муслимани, за кои се верува дека ќе победат, најавија дека во новата влада ќе вклучат претставници на сунитското малцинство. Во меѓувреме, Ирачката изборна комисија го продолжува пребројувањето на гласовите. Официјалните резултати од изборите се очекуваат за една недела.
XS
SM
MD
LG