Достапни линкови

logo-print

Одговарањето на прашалникот во рокот добар сигнал за странските инвеститори


Одговарањето на прашалникот од Европската комисија во рокот што владата сама си го зададе е добар сигнал за странските инвеститори дека Македонија може да ги исполнува обврските, вели доцент Ванчо Узунов од Правниот факултет во Скопје.

„Се работи за нормална фаза во процесот на приближување кон ЕУ на секоја држава. Тоа е стандардна постапка. Комисијата на ЕУ го изготвува мислењето, па Советот на Европа го усвојува и почнуваат преговори и земјатаго добива статусот кандидат за членство. И тоа е добро, бидејќи во тој случај сите инвеститори добиваат јасен сигнал дека земјава влегува во меѓународните економски текови, ги исполнува условите и стандардите кои важат во другите земји.“

Според Узунов, токму исполнувањето на оваа обврска значи дека земјите од Европската унија може да гледаат на Македонија како на земја во која може да се инвестира. Тој посочува дека Македонија има сепак уште долг пат кон Унијата:

„Македонија уште го нема завршено целиот пат, ама е решена да го изоди тој пат. Тоа е добар знак за инвеститорите, затоа што тие знаат дека земјата ќе станува европска.“

Во земјава на први октомври минатата година претседателот на Европската комисија достави 1921 прашање. Од владиниот сецтор за евроинтеграции информираат дека одговорите содржат околу 5 илјади страници, а над седум илјади страници се анекси или преводи на документите што ги бараа европските институции како закони, правилници за работа на институциите и други подзаконски акти.
XS
SM
MD
LG