Достапни линкови

logo-print

Одзивот повисок од очекувањата


По десет часа гласање, изборите во Ирак завршија. Милиони ирачани со право на глас денеска излегоа на гласачките места во земјата. Изборите според Ирачката изборна комисија, генерално поминаа слободно и фер.

Ирачаните излегоа масовно на првите повеќе партиските избори, по 50- години, наспроти нападите во кои загинаа околу 30 лица. Висок официјален претставник на изборите од Обединетите Нации како и членови од ирачката изборна комисија соопштија дека одзивот ги надминал очекувањата. Тие изјавија дека изборите главно биле слободни и фер. Забележани се неколку бомбашки и самоубиствени напади во кои загинаа околу 30 лица низ Ирак, а одговорноста за нив ја презеде организацијата на Абу Мусаб ал Заркави.

Портпаролот на ирачката независна изборна комисија Адел Ал Лами процени дека 72 насто од регистрираните гласачи излегле на изборите.

,,Ви го соопштувам процентот според извештаите на Изборната комисија, денеска“

Подоцна официјални претставници потенцираа дека бројката е само привремена и претставува само проценка, индицирајќи дека всушност одзивот бил помал. Резултатите не се очекуваат веднаш, затоа што пребројаните гласови се праќаат во Багдад за потврда.

Меѓу првичните реакции за текот на денешните избори во Ирак, државниот секретар на Соединетите држави Кондолиза Рајс оцени дека изборите изминале ,,подобро од она што се очекувало,,.

,,Тоа што денеска го гледаме е ирачки глас на слободата“

оцени Рајс.

Инаку, 14 милиони ирачани со право на глас денеска во рамки на парламентарните избори избира 275 пратеници во Парламенот, и претставници на Парламентите на 18 провинции како и автономниот парламент во курдскиот дел во северен Ирак.
XS
SM
MD
LG