Достапни линкови

Виена: ОПЕК препорачува да не се промени производството на нафта


Клучниот комитет на ОПЕК синоќа им препорача на земјите членки на Организацијата, да не го променат производството на нафта. Кувајтскиот министер за нафта Шеик Ахмад Фахд Ал Ахмад кој раководи со ОПЕК рече дека препораката е донесена од министерскиот комитет и дека сите членки на денешниот состанок ќе одлучат дали ќе се прифати. Моментно квотата на ОПЕК е 27 милиони барели нафта дневно, одлука донесена во декември во Каиро кога производството беше зголемено за еден милион барели дневно.
XS
SM
MD
LG