Достапни линкови

Хелсинки: Разговори на индонезиските власти и борците за независност


Индонезиските власти и борците за независнот на Банда Ацех ќе ги продолжат разговорите, за запирање на три децениските насилства, пренесуваат агенциите. Двете страни вчера во Хелсински започнаа преговори, со посредство на поранешниот фински претседател Мати Ахтисари, кој ја иницираше средбата по цунами катастрофата, што ја погоди Азија, а посебно тешко беше погоден регионот Банда Ацех. Инаку, Координаторот на ОН за хуманитарни катастрофи Кевин Кенеди, денеска упати благодарност до воените сили во провинцијата Ацех, кои според него придонеле за подобрување на ситуацијата. Во судирите меѓу сепаратистите во провицнијата Ацех и индонезиските власти, во последницве години загинаа најмалку 12 илјади лица.
XS
SM
MD
LG