Достапни линкови

Ерусалим: Можно повлекување на израелските трупи од некои градови на Западниот Брег


Израелскиот министер за одбрана Шаул Мофаз, изјави денеска дека израелските трупи би можеле да се повлечат од неколку градови на Западниот Брег, во зависност од натамошните разговори со палестинските власти. Израелскиот министер Мофаз, се очекува во врска со овој процес, денеска да оствари средба со палестинскиот претставник Мохамед Далан. Инаку, палестинскиот лидер Махмуд Абас во текот на денов, ќе допатува во Русија, на разговори со руските власти, за процесот на обновување на палестинско-израелските мировни преговори.
XS
SM
MD
LG