Достапни линкови

Што по локалните избори во Македонија?


По завршување на локалните избори и конституирање на општинските совети во јули оваа година ке започне трансферот на надлежностите од централната на локалните власти. Највисок степен на децентрализација или најголемо префрлување на надлежностите ке има во образованието и урбанизмот. Префрлувањето на надлежностите ке се одвива во фази:

„Во првата фаза, општините веднаш ќе може да го собираат данокот на имот и со овие средства тие ќе може да ги преземат надлежностите во делот на образованието, што подразбира, основање, управување и одржување на основните и средни училишта, директорот на училиштата ќе го избира градоначалникот на предлог на училиштниот одбор. Исто така, одредени надлежности во делот на спортот и културата, комуналните надлежности, урбанистичкото планирање, заштитата на животната средина, локалниот економски развој, противпожарната заштита. Меѓутоа, средствата предвидуваат втората фаза да се случи во 2007 година, што значи оние средства кои од централниот буџет ќе се трансферираат во општините, ќе бидат префрлени во 2007 година, откако општините ќе покажат финансиска зрелост. Тие средства се наменети за плати за вработените во највиталните сфери, како образованието, социјалната заштита, културата и здравството,“

изјави Ели Чакар од Министерството за локална самоуправа. При спроведување на децентрализацијата освен трансфер на надлежности ќе има и трансфер на вработените. Генералните проценки говорат дека на локално ниво ке бидат префрлени околу 26 илјади вработени од кои најголем е бројот на наставници. За оние кои ке поминат на локално ниво ке се спроведе обука затоа што како вработени во општината ке се срекаваат со нови надлежности

„Веќе со министерството за локална самоуптава, агенцијата за државни службеници и УНДП, работиме на голем проект, кадешто ќе бидат опфатени речиси сите нови државни службеници, кои ќе имаат статус од 1 јули 2005 година, така што, децентрализацијата зависи од добрата волја на централните и локалните власти. Ако сфатиме дека мора да работиме како симбиоза, сметам дека нема да има никакви проблеми и дека децентрализацијата ќе успее и ќе се подобри квалитетот на живеење на нашите граѓани,“

изјави Горан Ангелов претседател на Заедницата на единиците на локалната самоуправа.
XS
SM
MD
LG