Достапни линкови

logo-print

Невообичаени услови, зацрвстена безбедност и забранет сообраќај


Ирачките избори в недела ќе се одржат под невообичаени услови. Безбедноста ќе биде на зацврсната, а сообраќајот забранет. Во некои делови од земјата избирачите ќе можат да ги видат листите на кандидатите за кои ќе се изјаснуваат само кога ќе влезат на гласачките места. Изборите нема да ги надгледуваат меѓународни посматрачи.

Пред неделните избори, американските и ирачките претставници постојано ги повикуваат гласачите да излезат на избирачките места. Американскиот претседател Џорџ Буш во средата изрази уверување дека милиони ирачани ќе одговорат на шансата да изберат ново Национално собрание.

„Терористите во земјата декларираа војна против демократијата, а со тоа и војна против самите ирачани. Сепак, изборите ќе се одржат. Милиони ирачки гласачи ќе ја покажат нивната храброст, нивната љубов спрема земјата и нивната желба да живеат во слобода.“

Но, во исто време, бунтовничките групи со уоптреба на сила се обидуваат да го спречат изјаснувањето. Една од нив на видео снимка предупреди:

„Ние сме Муџахедини на провинцијата Нинива. Му се колнеме на Господ дека ние ќе бидеме меч во служба на исламската религија. Она што тие го нарекуваат избори не потекнува од исламската религија и затоа, ние ќе ги напаѓаме сите избирачки места.“

Заканата придонесе за уште построги безбедносни мерки. Така: Локацијата на гласачките места во високо ризичните места нема да биде објавена до последен момент. Политичките партии не можат јавно да ги објават имињата на нивните кандидати поради страхувањето дека тие би можеле да бидат цел на атентати. Па, според тоа, гласачите ќе можат да видат за кого ќе гласаат само откако ќе влезат на избирачките места. Безбедносните закани се главна причина поради која на овие избори ќе нема меѓународни посматрачи за да оценат дали изборите биле слободни и фер. Мониторингот ќе биде спроведен од претставници на Ирачката независна изборна комисија, а дури потоа меѓународните посматрачи, во разговори со нив и со претставници на Обединетите Наци кои ги организираат изборите, ќе оценат какво било гласањето. Шефот на тимот на Светската организација Карлос Валенцуела вели дека потребната претпазливост придонесе уловите за одржување на изборите да бидат далеку од идеални. Тој сепак верува дека и покрај тоа, резултатите ќе бидат легитимни и важечки.

„Условите не се најдобри и секако се далеку од идеални. Но ако безбедносните услови профункционираат тогаш тоа ќе биде добра шанса за успешни избори со резултати кои ќе бидат прифатени како важечки.“

За да ги заштитат гласачите, ирачката полиција и војската ќе бидат распоредени околу избирачките места. Американските и сојузничките сили ќе бидат подалеку од местата, но како што се додава, и доволно блиску во случај да има потреба од нивна интервенција. Планирани се рестрикции и во сообраќајот. Границите и аеродромот во Багдад ќе бидат затворени. Од ирачката изборна комисија одбиваат да предвидат кога би можело да се очекуваат првите резултати од неделното гласање.
XS
SM
MD
LG