Достапни линкови

Потребни итни мерки за заздравување


Во најголемите македонски хотели скоро секоја недела се организират економски форуми, трибини, наменски средби, по институтите и научните установи се прават експертски анализи, се ангажираат надворешни експерти, но и покрај тоа резултатите повторно изостануваат. Значи имаме ситуација кога болеста е дијагностицирана, лекот веќе одамна е познат, а подобрување на ситуацијата нема. Проблемот е во немањето на волја лекот да се употреби од оние кој се надлежни тоа да го сторат вели економскиот експерт Душан Вељковиќ:

,,Владеачките гарнитури во целиот период и покрај научните сознанија и покрај јавното ненегирање на оценките во однос на излезните решенија не преземаат ништо. Очигледно е дека нема доволно политичка волја кај нив."

Значи и покрај лоцираните проблеми и понудените решенија за надминување на истите Македонија и понатаму е земја со највисока стапка на невработеност, најнизок степен на остварен бруто домашен производ, најголем трговски дефицит, најчесто менување на законската регулатива, најдолг период на регистрирање на фирма, најспоро решавање на судските спорови во однос на европскте земји: .

,,Тоа недоволно знаење се манифестира и во стравот од последиците на мерките. Затоа што секоја преземена мерка, да речеме промена на курсот, ако остане на тоа, може последиците да бидат катастрофални."

Според бизнисмените, нека се платат најдобрите светски експерти само еднашекономијата во државата да тргне кон подобро:

,,Искустовото треба да се цени,"

вели живко радевски генерален директор на Битолска млекара. Лекот е едноставен , мора да го отворени макеодонскиот пазар.

,,Нас ни треба отворање кон Европа и светот, локално ништо нема да направиме."

Во изминатиот четиринаесет годишен период се изработени неколку економски стратегии за развој на Макеоднија, но најголемиот дел од нив не биле ни земени во предвид од оние за кои се наменети:

,,Студијата ја предадовме на тогашното министерство за развој и повеќе таа не се спомена."

И додека повеќе од една деценија Македонија во исто време консултира странски експерти и остварува негативни економски резултати македонскиот граѓанин, и понатаму си молчи, чека, се надева на подобро утре, додека оние кои го водат му велат, до крајот на годинава мора да биде подобро.
XS
SM
MD
LG