Достапни линкови

logo-print

Газа: Победа на Хамас на локалните избори


Исламското движење Хамас го освои мнозинството места во 10 општини на локалните избори во Газа, соопшти денеска палестинската изборна комисија. На второ место е владеачкиот Фатах на претседателот Махмуд Абаз. Истовремено, Стотина палестински полицајци се распоредуваат на југот на Газа за да ги спречат нападите врз блиските еврејски населби. Палестинската полиција, согласно договорот со Израел, минатиот петок се распореди и на северот на Газа. Израелскиот премиер Ариел Шарон изјави дека условите за мир со палестинците се подобруваат, а неговиот коментар следи по декретот на палестинскиот премиер Ахмед Куреи дека само безбедносните сили можат да носат оружје на териториите контролирани од паалестинците.
XS
SM
MD
LG