Достапни линкови

Жалење за загинатите војници во уривањето на хеликоптер


Претседателот Џорџ Буш изрази жалење поради денешното паѓање на американскиот хеликоптер во кој, според информациите, загинале триесетина американски војници.

„Жалиме секогаш кога војници го губат животот. Но, станува збор за долгорочна важна цел, а тоа е ширење на демократијата. Во спротивно, регионот ќе продолжи да биде котел на омраза и основа за регрутирање на оние што имаат поинаква визија за светот, од нашата.“

Буш притоа не елаборираше за каков инцидент станува збор, туку само соопшти дека во тек е истрага за причините. Претседателот Буш побара од ирачаните да се дистанцираат од бунтовниците и да излезат на неделните избори што ги оцени како крупен момент во ирачката историја.

„Терористите немаат јасна претстава за подобра иднина. Тие се плашат од слободно општетство. Ова е крупен момент за оние што веруваат во слободата“

изјави, меѓу другото, Џорџ Буш на денешната прес конференција во Вашингтон.
XS
SM
MD
LG