Достапни линкови

Продолжува акцијата за расчистување на сообраќајниците и тротоарите


Покрај радост за граѓаните, снегот што падна, донесе и проблеми. По вчерашниот ден, кога сообраќајот се одвиваше отежнато и снегот беше причина за големиот број сообраќајни несреќи, денешниот ден помина без поголеми проблеми, сообраќајот се одвива нормално, а повеќето улици се исчистени од снегот. Граѓаните велат дека се задоволни од работата на градските служби за расчистување на снегот, но има и такви кои не мислат така:

„Утрово беше одлично расчистено, јас гарантирам, прва излегов.“
„Гледам околу пазаров чистат.“
„Гледам имаат расчистено, ама споредните патишта е друго.“
„Па, што знам, ние тука сами исчистивме, главните улици не беа баш исчистени, а сега пред малку видов има тука со лопати, веројатно ќе биде како што треба.“
„Ристо Пенов да му е алал, на сите им даде лопати, нека чистат. Времето ни се погоди, и ни покри се што ни беше нечисто. Најчист град сме денеска.“
„Воопшто не сум задоволен, хаос е, не е расчистено, не може луѓето да поминат.“
„Тоа што го фатиле, го фатиле на две, на три, го нафрлале пешаците да нема каде да одат.“
„Не сме задоволни, ај низ градов чистат, ама по населбите, на страна, нема ништо.“


Од зимската служба на градот, велат дека нивни екипи работат на расчистување на значаен дел од улиците и не се забележува застој на јавниот градски превоз:

„Денеска имавме акција за расчистување на тротоарите, за нормално движење на пешаците. Ако вчера имавме акција за расчистување на сообраќајот, денеска имаме акција за пешаците и нивно посигурно движење по коловозите,“

изјави Мичо Поповски од зимската служба.

Во изминативе 24 часа околу 600 тона сол биле фрлени по улиците, а акцијата на зимската служба продолжува до крајот на следната недела.
XS
SM
MD
LG