Достапни линкови

Опозицијата обвинува дека власта работи на одлагање на либерализацијата


Усвојувањето на нов закон за електронски комуникации со кој што ке се либерализира телекомуникацискиот пазар е најавено за крајот на март. Ова е една од обврските од чие што исполнување ке зависи и динамиката на процесот на евроинтеграција. Разгледувањето на предлог законот во надлежната собраниска комисија пак беше стопирано со цел во него дополнително да се вклучат европските стандарди што пред се подразбираат создавање на услови за конкуренција на овој пазар. Од надлежните институции велат дека веке е интервенирано во текстот на законот

,,Пазарот на телекомуникациски услуги од моментот на либерализација добива нови текови, се очекува создавање услови за конкуренција на пазарот, за зголемен интерес на операторите за настап во Македонија и се очекуваат нови инвестиции."

изјави директорот на Управата за телекомуникации, Коста Трпковски. Од опозицијата пак посочуваат дека владата работи во насока на одложување на либерализација напаразот на телекомуникации. Тие со повеке забелешки на постојниот текст:

,,Се одолговлекува непотребно влегувањето на нови оператори во мобилна телефонија на шест месеци, а секаде во европа е регулриано на 45 дена. Без никакви критериуми Агенцијата може да врши притисок врз компаниите, со тоа што ќе ги пригласи дека имаат голема пазарна моќ. За тоа има европски стандарди,"

изјави Зоран Трајчевски од ВМРО-ДПМНЕ, поранешен директор на Управата.
XS
SM
MD
LG