Достапни линкови

Одлагањето на решението за конечниот статус на Косово ќе значи дестабилизација на целиот Балкан


Косово подолго време го оптеретува целиот Балкан и стабилизацијата на регионот, затоа што со недефинираниот статус, ниту Косово, ниту соседите не знаат што да праваат, па ниту Европа знае што да прави со овој регион, смета професорот Билјана Ванковска од Институтот за Мировни и безбедносни студии коментирајќи го последниот извештај на Меѓународната Кризна Група за Косово:

,,Ова предупредување на МКГ доаѓа повеќе како најава пред претстојните процеси што ги очекуваме во средината од годинава. Мене ми се чини дека конечниот статус на Косово, секако под медијација на меѓународната заедница, секако ќе биде добар знак за Балканот, каков статус и да договорат е подобар од недефиниран статус."

Проценкиоте на Меѓународната Кризна група за професорот Назми Малиќи од Унивезитетот на Југоисточна Европа се реални:

,,Се разбира, Кризната група со нивните истражувања и проценки сигурно се најблиски со до тоа што значи независноста за Косово за Балканот. Кај нас тоа што е најважно политичките кругови треба да се придржуваат кон реално, што значи Косово за Македонија како сосед и како треба да се движат добрососедските односи во рамките на регионална соработка.“

Според професорот Ванковска можно е Косово и Србија на играјќи на карста за дестабилизација на Македонија да се обидат да ги постигнат своите цели:

,,Можно е дури двете страни, и Приштина и Белград, на сметка на Македонија, односно играјќи на картата дека е можно Македонија да се дестабилизира, да се обидат да ги постигнат своите цели. Така што, не треба да забораваме дека Македонија може да биде чип за таа игра. Од друга страна, Македонија е во ровка политичко – безбедносна ситуација. Пред еден месец висовме дека кризите кај нас може да се создададат и исчезнат преку ноќ."

Не само Македонија туку и целиот регион може да се дестабилизира доколку се одолговлекува решавањето на статусот на Косово вели професорот Назми Малиќи:

,,Евенталната војна на Косово, значи проширување на кризата на целиот балкански простор. И затоа сите напори за дефинирање на конечниот статус на Косово придонесуваат за мир."
XS
SM
MD
LG