Достапни линкови

logo-print

Багдад: Ал Заркави објави сурова војна на демократијата во Ирак


Групата на Абу Мусаб ал Заркави, и објави ,,сурова војна,, на демократијата во Ирак, само седум дена пред одржувањето на парламентарните избори во земјата, јавува агенцијата Ројтерс. Заканите се снимени на една аудио лента и објавени на еден интернет сајт. Лицето кое зборува на аудио лентата, а кој е идентификуван како јорданскиот милитант Заркави, мегудругото апелира до сунитските муслимани да се спротивстават на изборите во земјата, кои ги нарекува како ,,завера од страна на Соединетите Држави и шиитските муслимани,, насочени против сунитите.
XS
SM
MD
LG