Достапни линкови

Западен Брег: Хамас демантира дека е постигнат договор со Абас


Милитантната група Хамас денеска ги деманитраше тврдењата, дека е постигнат договор со новиот палестински лидер Махмуд Абас, за прекин на нападите врз Израел. Портпаролот на милитнтната организација, изјави дека Хамас е подготвен на прекин на огнот, но прво само доколку Израел прифати да ги сопре нападите врз милитантите. Демантот на Хамас е реакција на претходната изјава на израелскиот министер за одбрана Саул Мофаз кој соопшти дека палестинскиот лидер Махмуд Абас, постигнал договор со главните милитантни организации за едномесечно примирје. Тој изјави дека Израел би можел да прекине со акциите само во случај на прекин на палестинското востание, кое трае четири години.
XS
SM
MD
LG