Достапни линкови

Авганистан: Четири лица загинаа во експлозија на бомба


Четири лица, меѓу кои и еден полициски шеф, загинале при експлозија на бомба на еден пат во јужниот дел на Авганистан, соопштија авганистанските власти. Портпаролот на авганистанското министерство за внатрешни работи, изјави дека во несреќата загинале полицискиот шеф на провинцијата Урузган, Вазир Мохамед, неговиот татко, неговиот брат и телохранителот кој во моментот се превезувале од нивниот дом, до полициската канцеларијата во Урузган. Гувернерот на провинцијата Јон Мохамед, за нападот ги обвини талибанските бунтовници.
XS
SM
MD
LG