Достапни линкови

Целосното укинување на визите зависи од исполнувањето на условите


По започнување на процедурата за разгледување на иницијативата на Грција за олеснување на визниот режим за жителите на Западен Балкан наредниот месец според најавите Европската комисија ќе состави предлог за олеснување на визниот режим, за што потоа би дискутирале лидерите на Европската унија. Од македонското министерство за надворешни работи информираат дека олеснувањето на визниот режим ќе се одвива во фази:

„Во првата фаза, иако веќе билатерално се ослободени во ЕУ, патувањата за носителите на службени и дипломатски патни исправи. Сега тоа во целост да се спроведува на целиот простор на ЕУ. Потоа, да се изнајде начин како да се олеснат патувањата на студентите, заради нивниот престој таму и слично, а исто така се разгледува и можноста во одредена фаза да се овозможи полесно патување на бизнис луѓето коишто имаат сопствени трговски или други релации со партнери од ЕУ. Конечно и за луѓето коишто имаат потреба од почести патувања во ЕУ, да се овозможи полесен визен режим во подоцнежните фази. Целосното ослободување ќе биде разгледувано со тек на времето, како што ќе се изведуваат реформите неопходни за ова прашање,“

изјави Душко Узуновски од МНР кој посочува оти не може да прецизира времнски како ке се одвива олеснувањето на визниот режим бидејки тоа зависи од исполнувањето на повеке обврски. Станува збор за намалување на степенот на организиран криминал, превземање на границите од страна на припадници на министерството за внатрешни работи, подготовка на пасоши со подобар квалитет и потпишување на договори за реадмисија кои што предвидуваат во земјава да се примат сите нејзини државјани кои нелегално престојуваат во други земји. За тоа до каде се активностите Горан Павловски од надлежното министерство за внатрешни работи вели:

„До сега се потпишани десет договори со реадмисија со земји од регионот и ЕУ. Полицијата презема контрола на половина од граничната линија, што значи, Грција, Бугарија до Пелинце. Што се однесува до современите патни исправи деновиве ќе започне тендерската фаза во која учествуваат 12 фирми кои нудат опрема, сите активности МВР планира да ги заврши до крајот на годинава.“
XS
SM
MD
LG