Достапни линкови

logo-print

Пекинг: Посета на британскиот секретар за надворешни работи Џек Строу


Британскиот секретар за надворешни работи Џек Строу, кој е во посета на Пекинг, изјави дека можната одлука на Европската Унија за укинување на ембаргото за оружје за Кина, нема да резултира со масовна продажба на воена опрема во таа земја. Според Строу, евентуалниот извоз на оружје во Кина ќе подлежи на строги критериуми. Ембаргото против Кина беше воведено во 1989 година по насилното растурање на демонстрациите во Пекинг, а Соединетите Држави и натаму се против неговото укинување.
XS
SM
MD
LG