Достапни линкови

Вашингтон: Инаугурација за вториот мандат на американскиот претседател Џорџ Буш


Џорџ Буш денеска положи заклетвата за вториот мандат на претседателската функција во Соединетите држави. ,,Преживувањето на слободата во нашата земја се повеќе зависи од успехот на слободата во останатите земји. Политиката на Америка е да се подржат силите на демократијата со крајна цел завршување на тиранијата во светот. Нема правда без слобода и нема човечки права без човечка слобода,, изјави во рамки на инаугуративниот говор за вториот мандат, претседателот на Соединетите држави Џорџ Буш. Тој додаде дека Америка нема да прифати постоење на перманентна тиранија. Обраќајќи им се на сојузниците Буш додаде дека Вашингтон го почитува нивното пријателство и совети.
XS
SM
MD
LG