Достапни линкови

Вашингтон: Прифатена номинацијата на Кондолиза Рајс


Комитетот за надворешни работи на американскиот Сенат ја поддржа номинацијата на Кондолиза Рајс за државен секретар. За неа гласаа шеснаесет, додека против беа двајца сенатора, меѓу нив и Џон Кери претседателски кандидат, кој во ноември лани загуби од Џорџ Буш. Инаку, за денеска закажаното одобрување на номинацијата на Рајс од страна на Сенатот е одложено откако опозиционите демократи побараа дополнително време за да расправаат за ова прашање. Се очекува одобрувањето да се случи во текот на идната недела со што Кондолиза Рајс ќе стане првата жена цркиња што ќе стане американски државен секретар. Колин Пауел веќе се прости од Стејт Департментот.
XS
SM
MD
LG