Достапни линкови

Инагурација на Џорџ Буш


Џорџ Буш денеска ќе даде заклетва со што ќе го преземе вториот мандат како претседател на Соединетите Американски Држави. На инаугуративните свечености во Вашингтон се очекува да присуствуваат повеќе од половина милион луѓе.

Буш својот инаугуративен говор ќе го искористи за да ги изложи плановите за наредните четири години. Се дознава дека Буш ќе потенцира дека слободата дома зависи од успехот на слободата во другите земји. Говорејќи на синоќешната свеченост во Вашингтон Буш рече:

„Инаугурацијата е време на единство на нашата земја. На изборната кампања зад нас, американците ни ги посочија големите цели што ние ќе треба да ги постигнеме за нашата земја.“

Инаку, инаугуративните свечености го претворија центарот на Вашингтон во виртуелна тврдина со обезбедување од тринаесет илјади полицајци и војници. На големите мерки за безбедност кои чинеа над седумнаесет милиони долари, влијаеше и фактот што станува збор за прва инаугурација по нападите врз Соединетите Држави во септември две илјади и првата година.
XS
SM
MD
LG