Достапни линкови

Јавното обвинителство сеуште без конкретни резултати


Два месеци по оставката на премиерот Хари Костов кој ја напушти оваа функција поради корупција во редовите на неговиот кабинет, јавното обвинителство сеуште без конкретни резултати за трите пријавени случии. Јавниот Обвинител Александар Прчевски за Радио Слободна Европа најави дека до крајот на месецов јавноста ќе биде информирана за постапката:

„Работиме на сите тие случаи и до крајот на месецот ќе има информација за новинарите и јавноста.“

Се работи за три случаи за корупција за кои се осомничени тогашните министри за транспорт и врски Агрон Буџаку, за продажба на земјиште во строгиот центар на Скопје, министерот за економија Стевче Јакимовски за незаконското отворање на угостителските објекти два дена пред референдумот и министерот за култура Благоја Стефановски за Пелинце.

По предавањето на доказите до јавното обвинителство Хари Костов изјави:

„На јавниот обвинител му посочив и повеќе конкретни примери кои мислам дека ниту за обвинителствтото, ниту за јавноста не претставуваат новина или настан и кои се познати во јавноста. Па, затоа и мислам дека мојата оценка за присутноста на корупцијата во Македонија не треба да биде нешто што паднало од небо и за кое прв пат слушаме.“

Експертите сметатат дека јавното обвинителство мора да биде потранспаретно и да ги искаже своите проблеми ако ги има, зошто се одолговлекуваат постапките:

„Тие се должни да излезат пред јавноста, да бидат транспарентни и да кажат ако имаат некои конкретни проблеми, а тие молчат. Немаат доволно луѓе во обвинителство, си молчат, немаат средства, претседателот на Врховен суд вели дека судскиот буџет е дури скратен и што сакате вие повеќе?“

вели професорот по казнено право Владо Камбовски.

Ианку во своето образложението за заминувањето од владата, Хари Костов критиките ги адресираше главно до ДУИ Владата била неефикасна зашто министрите на Ахмети ги блокирале реформите. Костов ги прозва дека тие мислеле само на партиските интереси и ги обвини за непотизам и корупција.
XS
SM
MD
LG