Достапни линкови

Реформа во пензискиот систем и воведување на втор столб


Од наредната есен покрај јавното пензиско осигурување ќе почне да функцоинира и задолжителното приватно пензиско осигурување што ќе важи за сите што се вработени по 1-ви јануари 2003-та година. Воведувањето на новиот втор приватен столб во пензискиот систем треба да обезбедување на поголема сигурност во функционирањето на пензискиот систем и тој нема да функционира сам по себе, туку ќе има комбинација што значи дека пензинерите ќе ја добиваат пензијата како комбинација од првиот јавен и вториот државен столб:

„Сите вработени што се по 1 јануари 2003 година ќе мора да уплаќаат дел од придонесите во првиот и вториот столб. Додека сите постојни вработени имаат доброволен избор дали сакаат да се вклучат во вториот столб или не сакаат, а има направено проценки, пресметки, во зависност од возраста дали ќе се вклучат во новиот систем или не.“

вели Билјана Петровска од Агенција за супервизија на Капитално финансирано пензико осигуруавње. Двата столба, приватниот односно државниот се разликуваат по начинот на финансирање:

„Првиот е тековно осигурување, значи тековните осигуреници плаќаат за тековните пензионери, за вториот, секој осигуреник ќе си има индивидуална сметка. Значи, ако јас сум член на вториот столб моите средства одат на средства на мое име, таму тие се оплодуваат и инвестираат, и потоа користам од тие пари.“

Поволностите од добровлното вклучување во приватниот пензиски систем вообичаено во земјите со развиен систем на приватни фондови се разгледуваат од аспект на оплодување на парите што во меѓувреме банката ги инвестира. Според Абдулменаф Беџети воведуавањето на приватниот пензиски фонд е позитивен чекор бидејќи на тој начин се обезбедува меѓу другото конкуренција во работата на државниот фонд. Но, во блиска перспектива тој вели дека не може да се очекува пензиите што ќе се исплаќаат од приватните фондови да бидат поголеми од оние во државните како што е тоа случај во развиените западно-европски земји.

„Јас сум скептик дека тоа директно и краткорочно ќе даде резултати. Треба да се гледа долгорочно, но како определба или концепт е потребен, што значи и развој на пазарот на капитал во земјата што е неразвиен. Во секој случај треба да се настојува.“
XS
SM
MD
LG