Достапни линкови

Рамала: Палестински безбедносни сили ќе бидат распоредени за спречување напади врз Израел


Палестинските безбедносни сили наскоро ќе бидат распоредени со цел да ги спречат нападите на милитантите врз Израел. Ова го најави шефот на палестинската безбедност Абдел Разек Маџаиде по синоќешните разговори со палестинскиот лидер Махмуд Абас. Денеска, како што е најавено, Абас ќе ги продолжи разговорите со милитантните организации со цел да ги убеди да ги прекинат нивните напади вз Израел.
XS
SM
MD
LG