Достапни линкови

Багдад: Најмалку десетина загинати во експлозии на автомобили бомби


Најмалку десетина лица загинале, а четириесетина други биле ранети во денешните четири експлозии на автомобили бомби во Багдад. Нападите се случија пред зградата на австралиската амбасада, пред една банка во северниот дел на градот, пред еден ирачки гарнизон и пред една полициска станица. Ирачките милитанти во последниве неколку денови ги зачестија ваквите напади во обид, како што јавуваат агенциите, да ги спречи општите избори во земјата, најавени за триесети овој месец.
XS
SM
MD
LG