Достапни линкови

Меѓу потребите и желбите


Европската Комисија излезе со иницјатива за модернизација на имиграционите правила во 25-те земји членки за да стави крај на кусокот од квалификувана работна сила која го забавува економскиот развој. Меѓутоа, планот на комесарот за правда и внатрешни работи Франко Фратини може да доведе до поделби бидејки многу граѓани на Унијата ќе се почуствуваат загрозени од приливот на странците.

Евро комесарот Франко Фратини во Брисел изјави дека стареењето на европската популација значи потреба од кфалификувана и способна имиграција поради одржување стабилен економски растеж. Според Фратини европските граѓани не треба да гледаат на имигрантите како на закана за нивните општества туку како на извор и можност. Имено Комисијата проценува дека за 25 години работната популација во Европската Унија ќе опадне за 20 милиони луѓе, а таквиот тренд ке продолжи и потоа. Затоа, според комесарот Фратини ,кој ја лансираше новата иницјатива, легалната имиграција во 25 те земји на Европската Унија ќе помогне за справување со илегалната имиграција и социјалните проблеми кои со неа следат.

„Нам ни треба заеднички европски пристап во подрачјето на економската миграција. Без таков пристап ние дури ризикуваме да го зголемиме бројот на нелегалните имигранти кои не можат да се интегрираат и остануваат на маргините на нашите општества.“

Тоа е ставот на Евро комесарот Франко Фратини, кој издаде зелен документ во кој повикува на широка дебата која би довела до нацрт текст за заедничката евро - имиграциона политика до крајот на оваа година. Такво нешто Европската Комисија проба да направи и пред 4 години, но не успеа затоа што некои земји, пред се Германија и Австрија, не беа волни да му ја предат власта во овој чувствителен сектор на Брисел.

Овој пат, според портпаролот на Фратини, Европската Комисија тргува внимателно со тоа што нема намера да го одземе правото на секоја земја да решава самостојно за нивото на имиграција. Меѓутоа, како што вели портпаролот Фрисо Роскам, Абинг, Комисијата верува дека поради тоа што имиграционата политика на една земја се рефлексира врз другите, сепак има смисла за заедничка политика. Проблематиката е широка, бидејки се отвора и прашањето за тоа кои права треба да ги уживаат економските мигранти. Меѓутоа, и покрај барањата на европската економија за работна сила надвор од Унијата тенденција е многу европејци е на имигрантите да гледаат негативно. Десничарските партии и во Британија, Франција и Белгија долго време бараат да се спречи имиграцијата од земјите на третиот свет.

„Имам контакти со луѓе од цела Европа, неофицијално тие велат дека тие ги подржуваат европските национални партии.“

вели Том Холмс – лидер на Британскиот Национален Фронт. Според него, имиграцијата од не европските земји не е неопходна туку е потребна политика за зголемување на наталитетот. Портпаролот Роскам Абинг вели дека за голема имиграција не може да стане збор затоа што не е добра ниту загубата на квалитетната работна сила за сиромашните земји.
XS
SM
MD
LG