Достапни линкови

logo-print

Хелсиншкиот комитет не верува во спроведувањето на законот


Со цел заштита на приватноста на граѓаните министерството за внатрешни работи подготви закон за заштита на личните податоци. Оттаму велат дека и покрај фактот што правото на приватност е загарантирано и во други акти, практиката потврдува дека се креира само илузија за негова заштита од се поагресивното продирање на државата и приватните компании во личната сфера. За тоа на што се става акцент во законот, Весна Доревска помошник на министерот за внатрешни работи вели

„Прашањето за заштита на слободите и правата на граѓаните, како правото на приватност посебно е истакнато, посебно во услови на компјутеризација.“

Таа додава дека обработката на личните податоци може да се врши само со согласносст на субјектот, но притоа има и случаи во кои има исклучоци:

„Има многу исклучоци, ќе наведеме, кога се работи за забранети податоци и покрај тоа што се забранети, ако е потребно да се спроведат посебни права и обврски на контролорот во областа на трудовото право.“

Од невладините институции пак се сомневаат дека и по усвојување на овој закон, правото на приватност и заштитата на личните податоци ке може поефикасно да се остварува

„Имајќи предвид дека полицијата многу лесно ги крши очигледните права на ненарушување на приватноста, значи навлегува во домовите на лица без судски налог, врши претрес на возила и лица без судски лица, многу е веројатно дека лесно може да навлезе и во оваа област. Она што го имаме како случај е случајот со апсење и давање податоци на веќе осудувани лица, кога полицијата многу лесно наоколу ги дава тие податоци, не внимавајќи дека тоа е дел што претставува лични податоци,“

изјави Мирјана Најческа претседтаел на Хелсиншкиот комитет за човекови права.
XS
SM
MD
LG