Достапни линкови

Јануари „најдолг“ месец во годината


Еуфоријата на почетокот од годината дека наредната ќе биде поинаква полека одминува и животот во Македонија се враќа во вообичаениот тек. По повеќето празнични денови во кои парите на најголемиот дел од граѓаните се одлеаја, последните денови од јануари, минуваат минималистички:

„Сега што останало од празниците дотрошуваме и чекаме следна плата.“
„Се снаоѓаме некако.“
„Имам 70 денари во џеп, тоа е.“


Со други зборови, втората поливина на јануари според стилот на живот, претставува само една од покласичните илустрации на животот во транзиција во Македонија воопшто:

„Скоро исто е чувството цела година, ништо не е поразлично.“

Драстичното слабеење на економската моќ во средината на месецот, освен во јануари, како месец на многу празници, на најголемиот дел од луѓето им се случува постојано:

„Проблем е што нема плати.“

Како и многупати во текот на годината, многумина стекнале навики и научиле да преживуваат, во очекување на следниот месечен прилив:

„Па, како, така како што имаме, се снаоѓаме, не е толкава криза како што некој сака да каже.“

За многумина во еден таков амбиент не претставува новина ниту доцнењето на платите. Ниту одговорите, соодветни на тој стил на живот, македонските граѓани како да се навикнале:

„Па, сега кој не прашува. Сме се навикнале.“
XS
SM
MD
LG