Достапни линкови

Багдад: Две лица загинаа, неколкумина повредени во самоубиствен напад


Две лица загинаа, а неколкумина беа повредени при денешниот самоубиствен напад врз еден контролен пункт во Багдад, во близина на седиштето на главната шиитска партија. Со наближувањето на изборите во Ирак, закажани за 30-ти овој месец, се интензивираат и нападите на бунтовниците. Американскиот генерал Џорџ Кеси изјави вчера дека 300 илјади ирачки и сојузнички сили ќе ги обезбедуваат изборите, но не ја исклучи и можноста од инциденти на денот на гласањето.
XS
SM
MD
LG