Достапни линкови

Њујорк: Кофи Анан апелира светот да извлече поука од катастрофалното цунами


Генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан упати апел до светот да извлече поука од катастрофалното цунами во јужна Азија и да издвои повеќе пари за превенција од природни катастрофи. Анан преку видео порака им се обрати на учесниците на меѓународната конференција во јапонскиот град Кобе, која е фокусирана врз изградбата на систем за предупредување од можно цунами во реонот на Индиски Океан. Се смета дека голем дел од 175-те илјади жртви од цунамито ќе беа спасени доколку имаше таков систем.
XS
SM
MD
LG