Достапни линкови

Запирање на дивата експлоатација


Сите концесионери кои имаат потпишано договори за експлоатација на минерални суровини со државата ќе мора истите да ги ревидираат. Тоа значи, небонитетните фирми и оние кои нема да ја достават потребната банкарска гаранција чија висина ќе зависи од вредноста на минералот и временскиот период на експлоатација ќе мора да го напуштат овој бизнисот:

„Сега со новото решение, ќе се бара бонитет. Не може да дојде фирма која нема бонитет, да земе концесија за експлоатација на минерални суровини,“

вели Тодор Серафимовски, професор на рударскиот факултет од Штип минатата година во државната каса на име концесии од експлоатација на рудното богатство се слеани само 250 илјади евра, средства кој според последните направени анализи од страна на рударскиот факултет се исклучително мали.

Според пресметките на рударските експерти доколку државата правилно ги наплатува концесиите и води сметка за нивно правилно користење на годишно ниво треба да инкасира во просек околу десет милиони евра и тоа само за користење на руди, камења, минерални суровини и минерална вода.

„Сега во новото законско решение и тоа е понудено и тој процент ќе биде многу повисок. Значи, ќе се собираат многу повеќе средства, особено, од делот на концесијата кои се однесуваат на експлоатација на минералните суровини.“

Лицата инволвирани во експлоатацијата на минерална вода тврдат 50% од овој бизнис се работи на црно. Неопходен е нов закон, но уште понеопходно е негово почитување Анализите покажале дека главните злоупотреби од корисниците на концесиите се, во делот на поголема експлоатација од договорената, скоро редовно излегување од зоната доделена за експлоатирање на рудното богатство, како и не придржување кон законската обврска просторот да се оплемени по завршената екплоатација:

„Со предложеното ново решение од законот за минерални суровини, од сега, па натаму, не ќе може да се врши експлоатација на диво. Зошто? Затоа што во новото законско решение има предвиден ригорозни казни.“

Новиот начин на работа во делот на експлоатацијата на минералните суровини ќе стапи на сила со донесувањето на законот што сеуште е во подготовка.
XS
SM
MD
LG