Достапни линкови

Македонија треба да соработува со Хаг


Македонија како држава има обврска да сорaботува со Трибуналот, во случај на подигнување на обвинениe прoтив порaнешниот мiнистер за внaтрешни работи Љубе Бошковски за случајот Љуботен, вели скопскиот адвокат Ненад Jаничевиќ кој има полномошно да го застапува Бошковски за случајот Раштнски лозја поради кој тој се наоѓа во истражниот затвор во Пула.

„Иако државата нема пропишано закон за соработка со Хашкиот трибунал, сепак како земја која ја има потпишано европската конвенција за човекови права и има соработка со Хашкиот трибунал, сметам дека треба да соработува. Да обезбеди докази во поткрепа на страната на господин Бошковски, така и да одговори на резолуцијата за соработка со Хашкиот трибунал.“

Поранешниот министер за правда Иџет Мемети вели дека Македонија за случајот на Бошковски треба соработува со Хаг ако тоа биде побарано од државата, но потсетува дека Бошкоски има двојно државјанство и дека се наоѓа во Храватска, што според него значи дека трибуналот за соработка прво треба да се обрати до Хрватска

„Ако еветнтуално се подигне обвинение, таа комуникација за соработка или помош, Хашкиот трибунал ќе го побара од властите во Хрватска. Ако евентуално, во текот на судењето се бараат дополнителни дејствија, или додека трае постапката, сведочења итн, Република Македонија е должна да постапува по барањата на судот.“

Поранешниот министер за правда потсетува дека во меѓувреме без разлика на отсуството на законска регулатива за соработка со Хашкиот Трибунал со кој до крај би се регулирала постпката за давање помош односно соработка Македонија како што потсетува Мемети и до сега соработувала со Трибуналот, преку давање помош на органите на прогонот врз основа на меѓународните акти:

„Базирајќи се на меѓународните обврски што ги има Република Македонија, а кои произлегуваат и од резолуцијата на Советот за безбедност за формирање на Трибуналот и од статутот на Хашкиот трибунал.“

Во надлежост на Хашкиот трибунал, заедно со случајот Љуботен од Македонија се наоѓаат вкупно пет случаи за цивилни и воени злострства од конфликтот во 2001 година – тоа се случајот со браната во Липково со градежното претпријатие „Маврово“ и 12-те киднапирани Македонци. Инаку, Хашкиот трибунал треба да се изјасни за шест случаи на воени злострства во земјите од бивша Југославија.
XS
SM
MD
LG