Достапни линкови

Вашингтон: 10 години затвор за американскиот војник за малтретирањата во ирачкиот затвор Абу Гариб


Американскиот воен суд, го осуди војникот Чарлс Гранер на десет години затвор, за неговата улога во малтретирањето и сексуалното злоупотребување на затворениците во ирачкиот затвор Абу Гариб. Максималната казна со која што се соочуваше Гранер е 15 години затвор. Во текот на постапката тој изјави дека само ги почитувал наредбите на неговите претпоставени да ги „омекне“ затворениците за испрашувањата, додека обвинителите велеа дека Гранер и останатите во неговиот оддел, ги направиле злоупотребите без наредба, за своја забава.
XS
SM
MD
LG