Достапни линкови

Гвантанамо: 80 авганистански заробеници ослободени


Околу 80 авганистански заробеници, осомничени за поврзаност со тероризам, ќе бидат ослободени од американската воена база во Гвантанамо на Куба, соопшти денеска авганистанскиот Врховен суд. Портпаролот на Врховниот суд, Вахид Мозда изјави дека затворениците во текот на денешниот ден и формално ќе бидат пуштени на слобода, по разговорите со претставниците на судот. Американските сили во текот на акцијата во Авганистан во 2001-та заробија повеќе од илјада талибански борци и други лица, поради сомневање за поврзаност со терористичката мрежа на Ал Каида.
XS
SM
MD
LG