Достапни линкови

logo-print

Рамала: Махмуд Абаз официјално прогласен за претседател на палестинската власт


Победникот на палестинските претседателски избори Махмуд Абаз денеска и официјално е прогласен за претседател на палестинската власт наследувајки го починатиот Јасер Арафат. По завчерашното убиство на 6 израелци израелскиот премиер Ариел Шарон реши да прекине врските со Абаз, што се толкува како завземање позиции и одлагање на средбите Шарон – Абаз за мировните преговори. Абаз ги осуди нападите на милитантите од двете страни. Американскиот државен секретар Колин Пауел пак го повика Абаз да ги стави терористите под контрола и изрази надеж дека одлуката на израелскиот премиер Шарон е привремена.
XS
SM
MD
LG