Достапни линкови

Странците повеќе ја вреднуваат македонската историја


Изработката на македонски ракотворби е занает што од ден, на ден – изумира. Вака ја започнува својата приказна, Јордан Поп Костовски, сопственик на единствената продавница за рачни изработки „Гобленка“

„Почнавме од 94 година, бидејќи и јас и жена ми останавме без работи. Немавме што да правиме и идеја на жена ми беше да ја отвориме оваа продавница за да опстоиме, да преживееме во овие транзициони периоди. Надевајќи се дека ќе има заинтересираност од страна на купувачите.“

Присетувајќи се на годините наназад Јордан вели дека порано подобро се живеело од овој занает:

„Во почетокот беше добро. Почнавме да привлекуваме доста муштерии, доаѓаа тука, гледаа и учеа. Во меѓувреме, почнаа да купуваат по селата директно и прометот почна да опаѓа.“

Јордан го научил занаетот од својата мајка. И покрај тоа што за изработка на еден гоблен, потребно е време од шест до дванаесет месеци, таа има извезено над 140.

„Се што се прави тука рачно се прави. Со години и нашите баби и нашите мајки везеле, плетеле.“

Покрај гоблени во продавницата на Јордан може да се најдат и тишлајфери, народни носии со различни мотиви, како и многу други уникатни македонски ракотворби:

„Најмногу се продаваат моментно македонските ракотворби, но проблем е цената. Затоа, што кога ќе се пресметаат трошоците, нашите купувачи коишто немаат пари и им е доста скапо се воодушевуваат од изработката на македонските ракотворби.“

Единствени заинтересирани купувачи денес се странските туристи, вели Јордан:

„Затоа што тие точно знаат колку чинат тие македонски ракотворби таму. Ние не знаеме да си ги цениме македонските ракотворби и македонската историја, а тие точно знаат.“

Иако, мисли дека овој занает никогаш нема да го врати поранешниот сјај, Јордан ветува дека ќе ја продолжи традицијата на своето семејство.
XS
SM
MD
LG