Достапни линкови

logo-print

Пазарно работење на научните работници


Новиот закон за јавни установи предвидува институтите во Македонија да мора да работат врз пазарен принцип или поконкретно научните работници кои по правило се доктори на науки ќе може да обезбедат средства за егзистенција само доколку работат на профитабилни проекти. Проблемот е што научните проекти во голем процент и не секогаш се профитабилни Е ставот на професор доктор Панде Лазаревски директор на институтот за социолошки и политичко правни истражувања

„Би било невозможно да опстоиме чисто врз основа на пазарната основа, односно институцијата да функционира во пазарни услови. “

Иницирањето на процесот на приватизација на научните установи од страна на власта е само дел од палетата решенија со кои државата се обидува да се меша во автономијата на Универзитетот што како потег е исклучително контрапродуктивен, вели Лазаревски.

„Тоа што се прави генерално виза ви универзитетот повеќе од јасно упаѓа во автономијата на универзитетот. Не може власта, од една страна да одобрува дали ќе се прими кадар или не, што ќе се прави внатре во самиот универзитет, а притоа да тврди дека постои принципот на автономија.“

Фактите говорат, и со постојниот начин на финансирање на наужните работници тие се обидуваат да преживеат, а последиците се, се поголем број магистри и доктори на науки ги напуштаат овие научно истражувачки установи и бараат обезбедување на сопствената егзистенција надвор од земјава.

„Кога ќе се руинира кадровскиот дел, комплетниот научно истражувачки кадар, ќе треба време и време да се возобнови, ако воопшто некому тоа му е потребно.“

Клучниот проблем е во односнот на државата кон институтите, односно дали финансирањето на овие институции го смета како трошок или како ресурс корисен за државата.

„Се испоставува дека проблемот со институтите е само колатерална штета на немањето идеја зошто служи научно – истражувачката дејност од страна на структурите на власта.“

Последиците од новото законско решение ќе бидат, научната мисла ќе стагнира, а научните работници ќе работат се само не тоа за што државата и самите тие инвестирале во себе.
XS
SM
MD
LG