Достапни линкови

logo-print

Мислењата поделени за ефектот од декларациите


Поптпишувањето Декларација за фер и демократски избори меѓу политиките партии учеснички во изборните циклуси во Македонија е стара пракса, но исклучок е потпишувањето на декларација меѓу двете најголеми албанските политички партии кои го поздравуваат и во македонскиот политички блок.

„Мислам дека ова е голем чекор во делот на албанските партии. Тоа не значи дека меѓу македонските партии не постои тензија. Сигурно постои, огромна тензија, не мора во целост тоа се оствари. Но, јавното декларирање е обврска кон електоратот,“

вели Коце Трајановски од ВМРО ДПМНЕ. За Рафиз Алити од ДУИ декларацијата е порака до електоратот пред се делот од партиските активисти кои се насилнички настроени

„Ова е порака до сите за да нема насилство, со тоа што челниците потпишуваат документ мислам дека нема да биде како порано.“

Тој се надева дека потпишувањето декларација позитивно ќе влија врз електоратот и ќе се избегнат несаканати случувања за време на кампањата и одржувањето на изборите

„Крајно време е во Македонија да има фер и коректни избори. Ние сме сведоци што се случуваше последните локални избори. Кога една партија на Албанците беше прундена да ги напушти изборите затоа што имаше убиства.“

За Разлика од него Тито Петковски од СДСм со став.

„Кај нас има диспропорција меѓу реченото и тоа што се прави во пракса. Тоа е отсуство на доследност, принципиелност, па ако сакате и морал. Тоа го покажаа сите овие години од нашето осамостојување до денеска.“
XS
SM
MD
LG