Достапни линкови

Матеја Матевски, Академик. Раните од конфликтот се злоупотребуваат за теснопартиски интереси


Господине Матевски како ги оценувате меѓуетничките односи изминатава година?

Па видете, општо земено мислам дека меѓуетничките односи одразуваат состојба која е во духот на една добра традиција во Македонија. Тоа може да се забележи во тие наши општи состојби. Иако, не треба да се одминат некои тешкотии и проблеми на кои наидуваат и се исполнети тие односи. Имено, после настаните од 2001 година општо е чувството дека постои тензија меѓу Македонците и Албанците, иако работите се поставени на многу здрава основа со Рамковниот договор, враќањето на состојбата на меѓусебна доверба тече бавно. Лично сметам дека тоа ќе се постигне, но треба да се биде стрплив.

Може ли во неколку зборови да се кажат главните разидувања меѓу македонската и албанската заедница во земјава?

Кога говорев за тоа мислам на последиците од 2001, кога некои сеќавања не се смирени и не се залечени, затоа реков тој процес оди бавно, меѓутоа тој бавен процес е иритиран и од двете страни со еден недобронамерен политички контекст. Мислам дека чувствата на граѓаните се злоупотребуваат од некои тесни партиски интереси.

Во колкава мера, јазичната, партиската и религиската бариера претставуваат проблем во нашата земја?

Секогаш во Македонија убавината била во различноста. Македонија отсекогаш била мозаик на јазици, цивилизации, култури. И сето тоа живеело и течело заедно. Со тоа што, од време, на време упаѓале некои мотиви кои ги загрозувале тие односи. Мислам дека сега исто така сме сведоци на такви состојби. Но, јас сум навистина оптимист дека процесите течат добро и интегрирањето на сите етнички заедници е се поприсутно.

Се вели дека Охридскиот договор е темел за градење на иднината на Македонија. Се согласувате ли со тоа?
Тој не може да ја измени ниту психата, ниту начинот на мислење, ниту начинот на живеење преку ноќ. Нема документ што е совршен, секој документ, колку и да е добар, преку праксата, се корегира и се усовршува.
XS
SM
MD
LG