Достапни линкови

Потребни дополнителни механизми за избегнување манипулации со гласачите


Покрај ставањето на увид на избирачките списоци во јавноста што почнува од денеска за избегнување на манипулции со гласачите треба да се предвидат дополнителни мехнизми. На ова укажуваат експертите откако вчера опозицијата изрази сомневање од злоупотреби во изборните резултати поради тоа што списоците сеуште не се исчистени од фиктивни гласачи и во нив фигурираат околу 200 исленици чии гласови во секој изборен процес се предмет на мнипулација. Во таа насока доцент Рената Десковска од Правниот факултет сугерира:

,,Иселениците според нашиот устав имаат избирачко право, значи не е добро да се избришани од избирачкиот список. Можеби е добро, тие избирачи, кои според податоците од МВР се иселени, да се означат во избирачкиот список, за да може полесно да се утврди колку луѓе во Република Македонија се присутни да гласаат, дали се злоупотребени.”

На можноста од Манипулација со гласовите на ислениците како проблем во изборната регултива во меѓувреме освен од партиите во опозицијата беше укажано и од стана на мисијата на ОДИХР во Македонија со препорака да се направи ревизија на единствениот избирачки список.

Според Доцент Десовска, ажурирањето на избирачкиот список треба да претствува предмет на постојана проверка во текот на годината, а не непсредно пред изборите

,,Не би го употребила зборот ревидирање. Мислам дека избирачкиот список треба постојатно да се проверува и да се ажурира и се што е ново, да биде внесена како промена со цел да се избегнат фиктивни гласачи во избирачкиот список,”

Во меѓувреме пред денешното ставање на увид на избирачките списоци партиите од опозицијата изразија критики дека во Македонија не е изграден систем кој ќе обезбеди точен број на избирачите во едиснтвниот избирачки список

,,Сеуште не можеме со точност да утврдиме колку е бројот на гласачите.”
,,Се сомневаме дека еден од главните фалсификати што може да се направи на овие избори е токму преку избирачките списоци,”


изјавија Џевдет Насуфи – поранешен миснистер за правда и Коце Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Доцент Десковска вели:

,,Избирачките списоци се јавни и сите политички партии може да добијат извод од избирачкиот список и може да имаат преглед на избирачкото тело. Тоа треба да ги намали сомневањата на минимум, затоа што сите може да реагираат до затворањето на избирачкиот список, ако има некои неправилности да бидат исправени.”
XS
SM
MD
LG