Достапни линкови

Уште една потврда дека политиката преовладува во дипломатијата, наместо професионалноста


Постапката за именување на кандидатот од Демократската унија за интеграција, Џевад Адеми за амбасадор во Софија е прекината, информираат од Министерството за надворешни работи. Шефот на македонската дипломатија на надредната владина седница ќе ја информира Владата и ке побара да биде предложен друг кандидат.
Од Демократската унија за интеграција за случајот Адеми посочуваат дека тие не знаеле оти тој бил на црната листа на претседателот на Соединетите држави.

,,ДУИ го предложи Џевад Адеми за амбасадор во Софија, земајќи ги предвид неговите квалификации и искуство. Не беше целта да предложиме кандидат којшто на било кој начин би се поставил како проблематичен или неприфатлив. Не би сакале да се создаде чувство дека ДУИ намерно предложила кандидат којшто понатаму ќе создаде проблеми,”

изјави Ермира Мехмети.

Македонските дипломати сметаат дека во случајот Адеми вината е кај министерството за надворешни работи, кое дури и во недостаток на норматива и стратегија за надворешната политиката што е случај во Македонија, мора да провери кои лица ги именува за амбасадори. Случајот со именуавњето на Адеми за амбасадор во Бугарија е само уште еден доказ дека политиката преовладува во диломатијата, а не квалификациите на личноста.

,,Министерството морало претходно да се ангажира околу критериумите и условите. Второ, да се ангажира околу комуникацијата со владата и коалициските партнери околу консултации за самиот избор и кога веќе ќе добијат предлози за такви кадри мора да ги провери по своја линија, професионално со меѓународни контакти и комуникации, едноставно подобноста на тие луѓе, за дури во последната фаза, владата да може да одлучи, односно претседателот на го потпише указот. Тука еден проблем е и отсуството на парламентот во таа постапка и тоа е сериозен пропуст во нашиот систем, бидејќи речиси сите модерни демократски парламентарни системи имаат во постапката многу сериозна вклученост на парламентот. Еве, дури и да згрешило нашето министерство, тоа би се избегнало кога би бил вклучен парламентот.”

изјави Димитар Мирчев поранешен македонски амбасадор во Словенија.
XS
SM
MD
LG