Достапни линкови

Нов информациски систем на ЕУ за добивање Шенген Виза


Европската комисја ја започна работата врз создавањето широк информациски систем кога патниците сакаат да добијат виза за влез во земјите од таканаречниот Шенгенски блок. Овој систем, со кој, меѓу другото се предвидува земање отпечатоци на прстите и фотографирање на патниците, треба да го спречи фалсификувањето на визите.

Во Шенгенскиот блок, освен Британија и Ирска се вклучени повеќето стари членки на Унијата, додека оние поновите се очекува да влезат во него во две илјади и седматата година. Дотогаш, како што се смета, и тие ќе бидат во можност да влезат во предвидениот нов информациски систем чиј центар се предвидува да се востанови некаде кон средината на идната година. Планот веќе е одобрен од земјите членки на Унијата:

„Од една страна тука е безбедноста. Со системот ќе се подобри борбата против илегалната имиграција и заканите по јавниот ред. Но, од друга страна, а таа не треба да се заборави, овој чекор ќе претставува пречка за странците со добра волја на кои им треба виза.“

Наведува Јан де Којстер, претставник на Европската Комисија. Во моментов на жителите на сто и триесет и четири земји им се потребни визи за влез во таканареченото Шенгенско подрчје. Визите се издаваат од секоја земја посебно, порад што, како што велат во Брисел, постоеле многу различни и некоординирани податоци кои го отвораат патот за фалсификување на визите. Претставникот на европската комисија Франк Пол вели дека на таков начин ако на некој еднаш му биде одбиена апликацијата за добивање шенгенска виза, тој веќе не ќе може исто такво барање да даде во некоја друга земја.

„Апликантот за виза ќе ги остава неговите отпечатоци и ќе биде направена дигитална слика на неговото лице. Овие информации ќе бидат испратени во централата, но и во секоја земја членка каде што веднаш ќе биде проверувано неговото криминално досие и дали веќе му било одбивано барањето за виза.“

Вели Пол кој додава на таков начин лесно ќе може да биде откриен секој обид за влез например со фалсификуван пасош. Европската комисија претпоставува дека шенгенските земји во две илјади и седма година ќе примат околу дваесет милиони барања за виза. Сега околу една четврина од сите барања на апликантите се одбиваат. Инаку, се уште не е решно дали отпечатоците и дигатилните фотографии ќе бидат на компјутерски чип залепен за визата, или пак ќзаедно со визата ќе бидат издавани и таканаречени паметни картички на кои ќе бидат сместени овие податоци.
XS
SM
MD
LG