Достапни линкови

Рамала: Махмуд Абас од денеска официјално ја презема функцијата


Новиот палестински претседател Махмуд Абас од денеска и официјално ја превзема функцијата. Тој повика на запирање на нападите со цел да се отвори патот за обновување на блиско-источните мировни преговори. Меѓутоа, вчера палестински милитанти повторно извршија ракетен напад врз еврејската населба во Појасот Газа, при што е причинета само матерјална штета. Денеска, пак двајца палестинци биле убиени при акцијата на израелските сили на Западниот Брег.
XS
SM
MD
LG