Достапни линкови

Ачек: Индонезија ги предупреди хуманитарните работници на можни напади од милитанти


Индонезија ги предупреди хуманитарните работници дека би можело да се соочат со опасноста од напади на милитантите во провинцијата Ачех која беше најпогодена од цунами катастрофата. Деновиве таму беа забележани престрелки меѓу владините сили и припадниците на сепаратистичкото Движење Слободен Ачех. Во меѓувреме, УНИЦЕФ потврди дека во Ачех се појавија мали сипаници и предупреди дека во таа провинција, поради изобилните дождови, постои опасност од појава на дизентерија.
XS
SM
MD
LG